Македонија
16. December 2017 - 15:05

Пукање во Тетово

Вчера, во периодот од 21 часот до 3 часот по полноќ непознат сторител испукал два куршуми од огнено оружје кон патничкото возило „Мерцедес“ -џип со тетовски регистарски ознаки, сопственост на А.Б. од Тетово, соопштуваат од полиција.

Возилото било паркирано на ул. „Борис Кидрич“  од страна на 30-годишниот Ш.Б., син на сопственикот. 

Се преземаат мерки  за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.