Македонија
31. October 2015 - 12:33

Пукање во Козле, полицијата изврши увид

Ноќеска околу 01 часот и 10 минути во Скопје на улицата „Козле“, во бензинската пумпа на АД„Макпетрол“, две непознати лица со закана со пиштол извршиле разбојништво над вработените, а при разбојништвото се слушнал и еден звук од истрел, по што вработените им ги дале парите од прометот. 

На местото на настанот извршен е увид и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.