Балкан
22. March 2017 - 23:25

Пукање во центарот на Белград, изрешетан познат бизнисмен

Во белградскиот хотел „Прага“ вечерва околу 20 часот дошло до пукање во кое е повреден познатиот српски бизнисмен Предраг Ранковиќ Пецони,

Нему му е пукано во нога, при што бил погоден со 5 куршуми, по што е префрлен во Ургентниот центар со повеќекратни повреди и таму е опериран.

Неговата состојба е стабилна, свесен е и комуницира со пријателите.

Пред Ургентниот центар се наоѓаат голем број негови пријатели и роднини кои чекаат вести за здравствената состојба на познатиот белградски бизнисмен.