Македонија
25. March 2017 - 13:07

Пукање во Центар, изрешетана куќа на скопјанец

Вчера околу 03.45 часот во Скопје, на ул. „Антон Попов“, од страна на непознат/и сторител, од возило во движење, со автоматско оружје било пукано кон куќата сопственост на А.И. (21).

Во моментот во куќата бил сопственикот, неговата мајка и неговата сестра. 

Од пукањето оштетена е фасадата на куќата, а повредени лица нема.

Во дворот и на улицата пронајдени се повеќе од десет чаури. 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.