Пуџдемон најави прогласување независност, доколку нема преговори со Мадрид
На само неколку минути пред истекување на ултиматумот кој Мадрид и го даде на Барселона за повлекување на барањето за независност, каталонскиот лидер денеска објави писмо, со што го игнорираше барањето на Шпанија.
Во писмото испратено вчера до шпанскиот премиер Маријано Рахој, а јавно објавено денеска неколку минути пред 10 часот, се наведува дека каталонскиот регионален парламент може да гласа за формално прогласување независност од Шпанија доколку централната власт одбие преговори со Барселона.
- Ако Владата и натаму го попречува дијалогот и продолжи со репресијата, каталонскиот Парламент, доколку се оцени дека е опортуно, ќе гласа за формална декларација за независност, наведе Пуџдемон во писмото.
Во меѓувреме е соопштено дека портпаролот на шпанската Влада ќе даде официјална изјава за Каталонија во 10.30 минути по локално време.
Западни медиуми наведуваат дека в сабота ќе се одржи седница на шпанската Влада, на која ќе се активира членот 155 од Уставот, со што и се дозволува на Владата во Мадрид директно да интервенира во управувањето со автономниот регион и да стави крај на системот на самоуправување.
Ново на Сител
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана