Loading Video...
Свет
28. јуни 2017 - 19:23

Пуч во Венецуела - Кој е синоокиот специјалец и актер, кој му објави војна на Мадуро?

36 годишниот Оскар Перез е човекот кој украде полицикси хеликоптер и  од него ги гранатираше Венецуелскиот врховен суд и министерството за внатрешни работи во Каракас.  Перез е поранешен полицикси пилот, истражител, дресер на полициски и воени кучиња, но и актер и манекен.  По гранатирањето , објави видео порака на социјалните мрежи   во која соопштува дека дека станува збор за акција за обнова на демократијата во земјата .

- Ние сме колација на воени функциоенрио, полиција и цивили. Ние сме во потрага по рамнотежа и против оваа транзициска , криминал влада.. Ние не припаѓаме, ниту пак имаме одредена  политичка припадност. Ние сме националисти, патриоти и институционалисит, порача тој.

Нападот помина без жртви  а беше низведен додека претседателот  Мадуро имаше обракање во живо на државната  телевизија.

- Сигурен сум дека порано или подоцна ќе го фатиме полициксиот пилот и оние кои го извршија овој вооружен терористички напад врз институциите на земјата, изјави  Николас Мадуро, претседател на Венецуела.

Венецуелскиот претседател во повеке наврати изјави дека се подготвува пуч против  неговата  влада и дека зад протестите на опозицијата  стои Вашингтон.  Антивладините протести почнаа пред три месеци и досега во нив загинаа најмалку 80 лица.