Живот
18. January 2017 - 9:43

Публиката и Лила во шок - погледнете што се случи во „Се или нешто"

 
Уште една возбудлива епизода на мега-популарниот квиз „Се или нешто", имаа можност да погледнат вчера гледачите на Сител ТВ. Александар е првиот учесник што имаше храброст да отиде до самиот крај и да ја одигра последната рунда од која му останаа две црвени суми, 250 илјади и 35 илјади.
 
Тој одби 100.000 денари, но за жал овој пат храброста не се исплатеше.
 
Александар дома си отиде со 35.000 денари, а кутијата со број 23 се одлучи да не ја игра за да не ризикува повторно, иако се испостави дека внатре имало иста сума, која немаше да промени ништо.