Фудбал
7. February 2018 - 11:53

ПСЖ и Марсеј на убедлив начин до 1/4-финалето во Купот на Франција

 
Екипите на ПСЖ и Олимпик Марсеј на убедлив начин обезбедија пласман во четвртфиналето на фудбалскиот Куп на Франција. 
 
Бранителот на трофејот ПСЖ на гости го совлада Сошо со 4-1, додека Олимпик Марсеја славеше победа со неверојатни 9-0 над Бурж Перонас
 
Елиминација претрпе Оксер кој пред своите симпатизери загуби од Ле Ербие.
 
Денеска се играат останатите пет меча во кои се среќаваат: 
Мец - Каен
Ленс – Троа 
Шамбли – Гренвил 
Монпелје – Олимпик Лион
Гренобл - Стразбур