Свет
1. May 2017 - 17:05

Првомајски прошетки во Москва и Петерсбург

Илјадници луѓе  и синдикатите,  учествуваат во прошетки на Црвениот плоштад во Москва по повод Меѓународниот ден на трудот, Оваа година  прошетката  се одржа под мотото "За пристојна работа, плата и живот"!Сојузот на независни синдикати на Русија традиционално го  организира  одбележувањето на Први Мај  во 700 градови и села.Се очекува да учествуваат околу два и пол милиони луѓе.Во Русија, на 1 мај како ден на меѓународната солидарност на работниците редовно се слави од 1890 година.

 Полицијата употреби солзавец, за да ги растера  демонстрантите во реонот на Бешикташ во Истанбул, кои сакаа да го прослават Денот на трудот, и приведе околу 70 луѓе.Во исто време полицијата спречи група демонстранти  да постават венец на Таксим, на местото каде пред 40 години  беа убиени 34 синдикалци.