Македонија
8. April 2017 - 16:18

Првите три дена идната недела се критични: Народот да остане на готовс, СДСМ ќе се обиде да направи државен удар во Собрание! - порача заедничка Македонија

Граѓаните  порачаа будни сме, не прифаќаме тиранска платформа. Со автомобили од сите страни на градот се упатија кон Собранието. Главниот град денеска беше обоен во жолто црвена боја. Од автомобилите ечеа патриотски песни и се вееја  државните знамиња. Наредната недела е клучна п-орачаа од граѓанската иницијатива за Заедничка Македонија и повикаа на уште поголема масовност.

Протестните маршеви се одржуваат по 41 пат. Граѓаните се на улица како што велат бидејќи си ја сакаат државата и го штитат унитарниот карактер на Македонија.

Илјадници граѓани од цела Македонија секојдневно испраќаат пораки до политичарите и бараат отфрлање на платформата. Црвено жолтата боја се разлеа и во Кичево, Охрид , Штип, Прилеп и во други градови.

Од граѓанската иницијатива ги повикаа граѓаните да се мобилизираат во наредните денови за да се спречи како што велат на шверцески начин да се протне платформата во Собранието и да биде избран претседател кој претходно не се откажал од овој документ. Со активности продолжуваат и утре.