Првите министри на Шкотска, Велс и Северна Ирска против референдум за ЕУ во јуни
Првите министри на Шкотска, Велс и на Северна Ирска, Никола Старџен, Карвин Џонс и Арлин Фостер, како и северноирскиот заменик прв министер Мартин Мекгинис, се против организирање на референдум за останување или за напуштање на ЕУ во текот на јуни годинава.
Во заедничко писмо до британскиот премиер Дејвид Камерон тие предупредуваат дека на почетокот од мај ќе се одржат редовните избори за парламентите на Шкотска, Велс и Северна Ирска.
Првите министри затоа сметаат дека водењето во истовреме и предизборна и референдумска кампања, ризикува да предизвика конфузија кај гласачите.
Политичките лидери од овие три делови на Велика Британија, оценуваат дека за партиите ќе биде невозможно да работат заедно во кампањата за референдумот.
Раководителот на кампањата за останување во ЕУ кај британските лабуристи Алан Џонсон изјави дека на неговата партија не и пречи да има референдумско изјаснување веќе во јуни годинава.
Одлуката за тоа кога ќе се организира референдумот, не е донесена, но лондонските медиуми најавуваат дека изјаснувањето на гласачите за идните односи на земјата со ЕУ би можело да се организира на 23 јуни, доколку нацрт-договорот на Лондон и Брисел, што вчера беше обелодент, добие „зелено светло“ на Самитот на лидерите на ЕУ предвиден за 18 и 19 февруари.
Камерон смета дека гласaчите нема да имаат проблеми околу справувањето со гласањето за членови на парламентите на Шкотска, Велс и Северна Ирска, а потоа и за референдумот за ЕУ.
Ново на Сител
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара