Балкан
3. November 2016 - 23:39

Првиот снег прави проблеми на Балканот, запрен сообраќајот на камиони

Јавното претпријатие „Патишта Србија“ соопшти вечерва дека поради снежни врнежи запрен е сообраќајот за товарни возила на делницата од Пријепоље кон граничниот премин Јабука кон Црна Гора.

Како што се наведува, патничкиот сообраќај во тој правец се одвива отежнато.

Се апелира на возачите да бидат внимателни и да ја прилагодат брзината на движење со условите на патот.

Оваа сезона првиот снег го покри и Златибор каде зимава очекуваат да имаат добра туристичка сезона.