Спорт плус
12. August 2017 - 16:58

Првиот олимписки маратон во Охрид во знакот на бугарските пливачи

Во Охрид се пливаше првиот Олимписки маратон во должина од 10 километри и мина во доминација на бугарските пливачи
Венцислав Ајдарски и Василики Кадоглу во организација на МОК и 
познатиот наш пливач Александар Маленко.
 
Ајдарски е прв победник нај маратонот во машка конкуренција, а во возбудлив финиш беше побрз од Холанѓанецот Марсел Шутен, со време од 1 час, 54 минути и 48 секунди. Третото место го освои македонскиот пливач Александар Илиески.
 
Кај дамите 14-годишната Василики Кадоглу беше најдобра со победничко време од 2 часа, 20 минути и 37 секунди. Зад неа како второпласирана патеката од 10 километри ја преплива Тјаша Возел од Словенија.
 
ФОТО: „ohridnews.com.mk“