Фудбал
19. September 2017 - 14:41

Првиот кам-бек за Адеми со „рисовите“

Аријан Адеми по пауза од две години поради суспензијата на УЕФА за наводно користење допинг, ќе му се врати на фудбалот. Се очекуваше првиот меч по двегодишната пауза да го одигра за Динамо на 14 октомври против Осиек, но како што објави порталот Index.hr, тој добил повик од селекторот на Македонија, Игор Ангеловски.
 
Македонија во октомври ќе ги заврши квалификациите за пласман на светското првенство во Русија. На 6 октомври Македонија ќе гостува во Италија, а на 9 октомври ќе го пречека Лихтенштајн.
 
Адеми за Македонија има одиграно четири натпревари, но како што пишува порталот, „ќе видиме дали тој го прифати повикот на селекторот Ангеловски“.
 
Аријан Адеми на почетокот на август започна да тренира со соиграчите од Динамо, а од 7 октомври тој може да настапува и на официјални натпревари. Ова значи дека и доколку го прифати повикот да се врати во репрезентацијата, тој ќе може да настапи на вториот меч против Лихтенштајн.