Македонија
23. February 2016 - 16:09

Првиот човек на ДИК работи под директиви

Наместо  дебата за изборите, Државната изборна комисија излезе со неаргументирано соопштение и  со технички податоци. 

Три дена по повикот на ВМРО-ДПМНЕ да одржат јавна седница на која ќе присуствуваат по двајца членови од четирите политички партии за да утврдат каде се проблемите со прочистување на избирачкиот список,  првиот човек на ДИК Александар Чичаковски писмено соопшти дека вршат кадровско доекипирање.

Како што стои во соопштението, на првиот глас не се пријавиле доволен број на информатичари и затоа делумно ќе го повторат процесот. Со образложението на Чичаковски дека немаат доволно вработени, за правни експерти ова е само алиби за да биде поткрепен ставот на опозициската СДСМ за одложување на изборите. 

ДИК е должна да обезбеди техничка подршка и спроведување на избори од моментот на дознавање на одлуката за распуштање на Собранието. А дека има време за прочистување на избирачкиот список, вчера во вестите на Сител образложи и високиот функционер во ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров.

--Требаше да почнат од вчера, од недела. Во недела ДИК има обврска да работи затоа што во недела се изборите, ако ДИК не работи во недела никогаш избори нема да има. Ако од вчера, 14 дена се работеше на вкрстување на податоците, ќе имаше доволно време да се заврши оваа операција и да се отпочне со теренската проверка и пред да се објави на јавен увид избирачкиот список. Теренската проверка ќе можеше да продолжи потоа  и по објавувањето на избирачкиот список што значи дека за теренска проверка ќе имаше повеќе од 23, 24 можеби и 25 дена за да се комплетира и оваа активност, изјави Никола Тодоров

Избирачкиот список пред да биде заклучен, ДИК го објавува на својата веб страна. Го добиваат и политичките партии кои имаат 5 дена рок за негово разгледување и иреагирање. Во тој случај, според  Тодоров не постои теоретска шанса избирачкиот список да остане непрочистен пред одржувањето на изборите.