Свет
6. September 2016 - 13:00

Првиот центар за бегалци во Париз ќе биде пуштен во употреба следниот месец

Ан Идалго, градоначалничката на Париз, денеска го најави првиот бегалски камп во француската престолнина, којшто ќе биде отворен во октомври, пренесува Танјуг.

Центарот има капацитет од 400 луѓе, и ќе биде наменет само за мажи. Ќе се користи како замена за сегашните импровизирани кампови околу градот.

Престојувалиштето се наоѓа на север од Париз.