Спорт плус
15. February 2017 - 15:06

Први места за Цинцов и Кусмак на вториот ден на Мавровскиот меморијал

Бугаринот Цветан Цинцов и Сања Кусмак од БиХ се победници на вториот ден на натпреварите на 54.то издание на Мавровскиот меморијал.

Во трката на 10 км кај мажите Цинцов оствари време 18:43.9 минути и беше поуспешен од вчерашниот победник Еди Дачиќ од Хрватска,кој имаше заостанување од 27.6 секунди и го освои второто место. На третата позиција исто како и вчера се пласира Младен Плакаловиќ од БиХ.
Македонскиот олимпиец Дарко Дамјановски, кој со вчерашното четврто место обезбеди А норма за ЗОИ во Пјонгчанг следната година денешната трка ја заврши на седмото место со време 20:19.3 минути или 1:35.4 минута зад победникот.
Кај жените на патеката од 5 км победи Сања Кусмак од БиХ, вчера беше втора, а вчерашната победничка Дејана Косарац го освои второто место. Кусмак имаше време од 12:04.8 минути, а Кусмак заостана 1.7 секунда. Трета исто како и на вчерашната трка заврши македонската натпреварувачка Викторија Тодоровска со време 12:21.7 минути.
Женската трка денеска за завршија 20 натпреварувачки од 21 колку што стартуваа, а кај мажите пласман имаа 28 од 30 колку што се појавија на стартот.