Фудбал
25. March 2017 - 13:48

Први бодови за Македонија во квалификациите за СП 2018

Македонската фудбалска репрезентација ја оствари првата квалификациска победа во циклусот за Мундијалот 2018 совладувајќи го Лихтенштајн со 3:0.
 
Македонската репрезентација ги освои првите бодови во Мундијалските квалификации совладувајќи го Лихтенштајн на гостински терен во дуел од 5.коло на Г групата. 
 
До прва победа по речиси две и пол години на еден квалификациски натпревар и прва на гостински терен по пауза од седум години црвено-жолтите стигнаа со головите на Бобан Николов во 43.минута, и двата на Илија Несторовски во вториот дел. Играчот на Палермо во финишот на натпреварот не реализира пенал и пропушти можност да постигне „хет-трик“.
 
На „Рејнпарк“ во Вадуц македонските фудбалери имаа поддршка од околу 2.000 македонски навивачи .
 
Следен меч за Македонија во квалификациите ќе биде дуелот против Шпанија во јуни месец на домашен терен, додека веќе во вторник на арената Филип Втори во Скопје, црвено-жолтите ќе одиграат пријателски натпревар против Белорусија меч кој ќе може да го следите низ директен пренос на Сител 3 телевизија од 18 часот, како и натпреварот на младата репрезентација против Бугарија кој ќе се игра во терминот од 14 часот
 
Во нашата група синоќа Шпанија со 4-1 го победи Израел, додека Италија со 2-0 беше подобра од Албанија 2:0 и 
 
Табела: Шпанија 13 бода, Италија 13, Израел 9, Албанија 6, Македонија 3 и Лихтенштајн 0.