Фудбал
18. July 2017 - 13:09

Првенец на Лукаку во дресот на Јунајтед

 
 
 Најзвучното засилување на Манчестер Јунајтед во летниот трансфер, белгискиот интернационалец Ромелу Лукаку, го постигна првиот гол за својот нов тим.
 
Лукаку на пријателски натпревар одигран ноќеска во Јута против  американскиот Реал Солт Лејк погоди во 38.минута.
 
Јунатед го доби натпреварот со 2:1, иако домаќинот поведе во 20.минута преку Силва, Хенрик Михтарјан изедначи во 29.минута, а победата на Манчестер ја обезбеди Лукаку.
 
24-годишниот Белгиец во Манчестер Јунајтед дојде од Евертон за 85 милиони евра.