Свет
14. February 2017 - 16:44

Прватa оставка во администрацијата на Трамп поврзана со Русија

По само  4 дена откако ја презеде функцијата советник  на американскиот претседател Трамп, за национална безбедност, Мајкл Флин  поднесе оствака.

Тој се повлече од функцијата , откако беше откриен неговиот телефонски разговор  со рускиот амбасадор во САД за можноста за олабавување  на американските санкции врз Русија. 

Разговорот  се случил, кога пензионирниот генерал бил само номиниран на фукнцијата советник за национална безбедност.

Русија одбива да ги коментира случувањата. Портпаролот на Кремљ  само кратко  изјави дека оставката на Флин е внатрешна работа на САД.