Џет-Сет
19. March 2018 - 22:08

Првата фотографија: Ана Ивановиќ стигна дома со синот

Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ се породи и на свет го донесе синот Лука. Убавата Србинка не помина многу време во болница и со својата принова пристигна во семејниот дом.

Таа посака веднаш својата среќа да ја сподели со следбениците на Инстаграм на која објави фотографија од собата на штотуку родениот син. Она што ја дочека во домот кој го дели со сопругот Бастијан Швајнштајгер била соба полна со играчки и посебен натпис на ѕидот.

-Добредојде момче-пишувало на ѕидот, а се е подредено на сината боја.

Набрзо фотографија на истата мрежа објави и Бастијан.

-Добредојде, момче на овој свет. Многу сме среќни-порача германскиот фудбалер.

Тој објави фотографија од стапалата на својот наследник, а во истиот кадар се гледаат рацете и на неговата сопруга Ана Ивановиќ.