Свет
22. April 2017 - 10:57

Прва средба на Трамп и Гутереш

Американскиот претседател Доналд Трамп прв пат денеска се сретна со генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, изјави портпаролот на ОН, Стефан Дужарик. 

И двајцата стапија на должностите во јануари. 

Гутереш разговарал 15 до 20 минути во Белата куќа со Трамп и неговиот советник за национална безбедност Ејч Ар Макмастер. 

Дужарик нагласи дека тие имале „добра дискусија“ за соработка меѓу САД и ОН.

Гутереш и Трамп се договириле наскоро повторно да се сретнат.

САД имаат најголем финансиски придонес во ОН. Трамп споменуваше за намалување на американското финансирање, но засега не презел никакви конретни активности.