Прва средба на Синдикатот на УПОЗ со новиот министер за правда
Потребата од измени на Законот за судска служба, решавање на недостигот на кадар во јавните обвинителства и прашањето за бенифициран стаж на вработените во казнено-поправните установи се прашањата кои денеска ги покренал Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) на првата средба со новиот министер за правда.
Од Синдикатот изразија задоволство од средбата со новиот министер од кого, како што изјавија, добиле ветување за унапредување на соработката.
- Побаравме од министерот да се заложи за враќање на украдените пари за време на штрајкот на вработените во судската служба односно казната што ја доживеаја од страна на претседателот на Судскиот совет бидејќи незаконски им беа одземени. Побаравме и реализација на решенијата кои ги добија вработените во судската служба од 10 проценти за април кои им беа ветени од страна на Судскиот совет, а не беа реализирани, изјави претседателот на УПОЗ Пеце Грујовски по средбата.
Тој додаде дека добиле ветување од министерот за унапредување на соработката во иднина и дека како социјални партнери ќе соработуваат при носењето на законите коишто се во интерес на вработените од правосудството.
Одговарајќи на новинарско прашање за новоформираниот синдикат за администрација во рамки на Сојузот на синдикати на Македонија, Грујовски оцени дека се работи за обид на претседателот на ССМ да го разедини синдикалното движење.
- Многу е лесно да формирате синдикат и да го запишете во Централен регистар, но што ќе понудите, тоа е веќе друго прашање. Ова е начин на Живко Митревски да го разедини синдикалното движење, рече Грујовски.
Ново на Сител
-
ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“
-
Ангелов: Би работел за СДСМ но за плата од 5000 евра
-
МЗШВ: Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје
-
Македонија и 11 членки на НАТО ја зајакнуваат соработката за обука на воени пилоти
-
ССМ на 2 април на протест поради одлуката на Врховниот суд, ќе протестира и на 1 мај
-
Полицајци спроведуваат политичка кампања, училиште претворено во штаб на ДУИ
-
Приведено уште едно лице за убиството на докторот во Железара
-
Вработените во здравството најавуваат протест на 8 април