Македонија
25. February 2016 - 16:18

Прва средба на директорите на полициите на Македонија и на Грција во Солун

Размена на податоци, заеднички патроли, борба со криумчарите и обуки за полициските службеници се дел од мерките кои заеднички ќе ги преземат македонската и грчката полиција за справување со мигрантската криза.

Првиот човек на БЈБ Горанчо Савевски оствари прва официјална средба со неговиот грчки колега Константинос Сувалас.

Само со заедничка соработка може да се спречат инциденти на границите и да се превенира подолготрајноз аглавување на мигрантите на територијата на земјите од балкнаската рута, заклучиле двајцата директори.

Се очекува и нова средба на земјите од Балканската рута слична на онаа во Виена но овој пат и со учество ан претставници од Грција и Германија.

Мигрантската криза е се посериозен проблем за Македонија и е една од причините поради кои земјата треба да има избори во догледен период на кои ќес е избере стабилна влада.