Македонија
13. September 2016 - 17:05

Прва работна средба на министерот Амети со амбасадорот Бејли

Министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети денеска оствари прва работна средба со aмбасадорот на САД Џес Бејли.

На средбата се разговараше за унапредување на соработката на полето на животната средина при што беа разгледани можностите за заеднички пристап кон решавање на стратегиските цели: заштита на природните вредности, подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух, развивање зелени агенди за локални стратегии за климатски промени, како и други теми значајни за заштитата на животната средина.

Како што соопшти Министерството, Амети искажа посебна благодрност за досегашната поддршка од страна на Американската амбасада и за континуираната помош во развивањето на плановите и програмите за  подобрување на квалитетот на животната средина.