-->
-->
Прва победа за Македонија, совладана селекцијата на Косово
-->
Кошаркарската репрезентација на Македонија ја постигна првата победа во претквалификациите за СП 2019 откако вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ ја победи селекцијата на Косово со 87:74 (19:22; 21:19; 23:13; 24:20).
Македонската селекција во грч го почна натпреварот и тоа резултираше со минимално водство на противникот, кој пак тешко стигнуваше до позиции за шут, но во неколку наврати Косово постигна тројки со звукот на сирената за истек на нападот.
На полувреме Косово водеше со еден поен (41:40). Во вториот дел избраниците на селекторот Јорданчо Давитков заиграа подобро во одбраната пред се. Косово во третиот период постигна само 13 поени, а со добра игра во овој период се истакна Стојан Ѓуровски, кој одлично ги искористи своите минути.
По доброто прво полувреме и во финишот на дуелот ценатрот Младеновски ги искористи минути минати на терен во во неколку наварти кога требаше да се одржи предноста над 5 поени имаше офанзивни скокови и поени.
Најефикасен во нашиот состав беше Џордан Теодор со 24 поени, Костоски постигна 16, Војдан Стојановски 14, а Младеновски 12 со 7 скокови од кои пет офанзивни.
Во вторит дел се повреди Димче Тасовски и неговиот настап на гостувањето во талин против Естонија е неизвесен.
Македонија следниот дуел го игра во среда.
Нашата репрезентација сега има скор 1-2, Естонија е прва со биланс со 2-0, а Косово 1-2.
Македонија има шанси за пласман на едно од првите две места на табелата, а затоа е потребна победа на гости против Естонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.