Loading Video...
Спорт плус
21. January 2018 - 16:30

Прва победа на Лара Гут по една година

Швајцарката, Лара Гут  по една година пауза конечно победи во трка од Светскиот куп (СК). 
 
Таа денеска беше најдобра на супер-велеслаломот во Кортина д’Ампецо.
 
До својата прва победа во оваа дисциплина, Гут стигна со 14.стотинки побрзо време од второ пласираната Јохана Шнарф од Италија.
 
Со вкупно 24-тата победа во кариерата, Гут изби на 1.место во Генералниот поредок во оваа дисциплина, додека во севкупниот поредок во СК и натаму водечка е Американката Михаела Шифрин