Балкан
24. July 2016 - 10:48

Прва несреќа од Покемон во регионот: 13-годишно девојче се бори за живот!

Тринаесет годишно девојче со иницијали Т.Н. била повредена вчера во Белград кога во неа удрил автомобил додека таа бркала Покемони.
 
Девојчето веднаш по ударот било сместено на Универзитетската детска клиника, на одделението за интензивна нега на хирургија.
 
Според првичните информации кои ги пренесуваат медиумите во Србија, таа се здобила со тешки телесни повреди.
 
Тринаесет годишното девојче, не гледајки каде се движи во потрагата по својот омилен лик од оваа популарна игра истрчала на коловозот кога на неа налетал автомобил.