-->
-->
Прва „меч топка“ за одбојкарките на СВСК за шампионската титула
-->
Во одбојкарското првенство на Македонија вечерва ќе се одигра четвртиот натпревар од финалето во женска конкуренција.
Екипата на Сити Волеј Славков Куманово (СВСК) ќе ја има првата „меч топка“ за освојување на шампионската титула.
Тие имаат предност од 2-1 во победи во дуелот против екипата на Јанта Волеј која ја е актуелен првак и ја брани титулата.
Доколку вечерва кумановската екипа забележи победа одбојкарките на СВСК за прв пат во клупската историја ќе бидат шампионки на Македонија. Оваа екипа триумфираше и во националниот куп откако во финалето беше подобра токму во дуелот против Јанта Волеј.
Денешниот четврти финален натпревар од женскиот одбојкарски шампионат, меѓу Јанта Волеј и СВСК ќе се игра во салата на ОУ „Невена Г. Дуња“ во Скопје со почеток од 20 часот.
Во случај Јанта Волеј да слави победа, мајсторката ќе се игра во истата сала во текот на претстојниот викенд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи