Фудбал
19. February 2017 - 16:42

Прва лига: Водечките екипи без проблеми на стартот од пролетниот дел

Водечките екипи во Првата фудбалска лига Вардар и Шкендија остварија победи на домашен терен на дуелите од 19.коло (прво во вториот дел) од шампионатот. Првакот Вардар поради казна дуелот со Шкупи го одигра без присуство на гледачи, а оствари победа со 3:0.
 
Во Тетово Шкендија беше подобра од Силекс со 2:0.
Две победи во оваа рунда постигнаа и гостите. Работнички ја совлада Македонија ЃП со 3:0, а Ренова ја победи Брегалница во Штип со 1:0.
Нерешено 2:2 заврши само дуелот меѓу Пелистер и Победа.
 
Табела: Вардар 44 бодови, Шкендија 40, Работнички 31, Пелистер 30, Ренова 26, Силекс 24, Победа 16, Шкупи 16, Македонија ЃП 15, Брегалница 11.