Кошарка
15. March 2016 - 22:19

Прва лига: Нов триумф на МЗТ Скопје Аеродром

Кошаркарите на македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром остварија нова победа откако вечерва во последниот натпревар од 20.коло на домашен терен го победија Куманово со 79:71. Резултат по четвртини: 21:12; 16:21; 22:12 и 20:26.

Најефикасен кај МЗТ Скопје беше Ѓорѓе Дреновац со 20 поени, а на натпреварот Бојан Трајковски со 22 поена.

Актуелниот шампион во текот на целиот натпревар имаше водство.

На другите натпревари од 20.коло беа постигнати следниве резултати: Фени Индустри – Карпош Соколи 88:76, Бест – Кожув 65:76 и Работнички – Струмица 85:61.

Табела: МЗТ Скопје А. 38 бодови, Карпош Соколи 35, Куманово 33, Фени Индустри 32, Кожув 30, Работнички 28, Струмица 24, Бест 20.