Кошарка
4. November 2015 - 8:48

Прва лига: Карпош Соколи славеше против Кожув

Кошаркарите на Карпош Соколи го задржаа максималниот ефект во Првата лигата откако синоќа на гостувањето во Гевгелија го победија Кожув со 91:82.
 
Гостите од Скопје беа подобри во три четвртини, а на гевгеличини им припадна само вториот период (23:29; 22:19; 16:20 и 20:24).
Ова беше претпоследниот натпревар од 4.коло по кое Карпош Соколи останува единствената непоразена екипа.
 
Претходно се одиграа два дуела од оваа рунда:
Работнички – Струмица 88:68,
Куманово – Бест 88:74.
 
Колото ќе биде комплетирано вечер со дуелот Фени Индустри – МЗТ Скопје Аеродром (почеток 18 часот).
 
Табела: Карпош Соколи 8 бодови, Работнички 7,Куманово 6, МЗТ Скопје Аеродром 5 (натпревар помалку), Фени Индустри 5 (натпревар помалку), Кожув 5, Струмица 5 и Бест 4.