Џет-Сет
23. September 2017 - 19:21

Прва фотографија од свадбата на Каролина - вистински луксуз

Нашата музичка ѕвезда Каролина Гочева денеска се омажи о уметникот Михаил Корубин.

 
И додека цела естрада се упатува кон ресторанот на свадбената прослава веќе започна и да се открива дел од атмосферата.
 
Според фотографијата од Фејсбук веќе се е подготвено за парот да има луда и незаборавна ноќ.
 
Во венчаница купена од Италија, поп-пејачкта Каролина Гочева ќе блесне пред многуте гости. И покрај претпоставките дека свекрвата Лиле Корубин која е истакнат моден дизајнер, би можела да и ја дизајнира венчаницата, сепк поп-ѕвездата ќе носи дизајн од Италија.

Инаку Каролина пред две недели направи моминска вечер на која беа поканети нејзините најблиски другарки, но и колешки од естрадата.