Фудбал
31. May 2017 - 15:48

Прв тренинг на македонските фудбалери

 
 
Македонската А репрезентација во некомплетен состав, без отсутните Пандев, Несторовски, Алиоски, Ристевски и Стјепановиќ кои подоцна ќе се приклучат, ги започна подготовките пред натпреварите со Турција (5. јуни) и квалификацискиот дуел со Шпанија (11. јуни) на Националната арена во Скопје. 
 
Селекторот Игор Ангеловски вели дека фокусот прво е на Турција, а обврска на сите е да го дадат максимумот.
 
-Турција е фудбалска велесила и ќе биде дополнителен мотив за сите играчи. Реков дека и на пријателски дуели сакам да играм против квалитетни селекции. Посакувам играчите да бидат на нивото на претходните мечеви и да го дадат најдоброто од себе. Не смееме однапред да се предадеме, мора да го дадат максимумот. Имаме препознатлива игра која во последните мечеви почна да носи и резултати“, изјави Игор Ангеловски.