Балкан
6. February 2017 - 14:03

Прв роденден на малата Јана без нејзината мајка: Додека пеела песничка, се сетила на Јелена

Малата Јана наполнила шест години пред неколку дена, а тоа беше прв роденден без нејзината мајка, брутално убиената Јелена Марјановиќ. 

Таткото на Јана, Зоран по повод шестиот роденден на Јана за најблиските роднини организираал ручек во семејната куќа, додека за Јана и нејзините другарчиња од градинка организирал роденденска забава во една од детските игротеки во Борча.

Јана наполнила 6 години, а Зоран дал се од себе да го надополни недостатокот на нејзината мајка. На роденденот присуствувала и тетката на Јелена, Љубица Манојловиќ со своите деца.

Зоран за Информер изјавил дека се плашел од тоа неговата ќерка да биде тажна и да плаче, но храброто девојче ниту еднаш не ја спомнало нејзината мајка.

- Цел ден беше возбудена, Јелена не ја спомна. Доби фустан кој сама си го одбра на интернер како и чевли. Беше и на фризер бидејќи сакаше да изгледа убаво. Доби многу поклони кои самата ги одбра - вели Зоран Марјановиќ, додавајќи дека се труди да ги исполни сите желби на Јана.

Како што вели, му паднал камен од срцето бидејќи Јана убаво си поминала и уживала во друштвото на другарчињата. Дувала свеќички на тортата со насмевка, а за прв пат откако е без нејзината мајка ја пеела песната "Денес ни е убав ден", кога според зборовите на Зоран на момент се видело во нејзините очи дека се сетила на Јелена.

Зоран за Информер рекол дека наскоро планира Јана да ја однесе на гробот на Јелена.

- Од кога знае дека Јелена не е веќе помеѓу живите, Јана бараше да ја однесам на местото каде е нејзината мајка - вели тој и додава дека ќе ја однесе наскоро, чекал Јана да наполни 6 години и да помине одреден период за Јана да прифати дека нејзината мајка веќе ја нема.