Кошарка
3. November 2016 - 20:02

Прв пораз за Фенербахче во Евролигата

Кошаркарите на Фенербахче го претрпеа првиот пораз сезонава во Евролигата. На домашен терен синоќа загубија од Уникс Казан со 81:73. Најефикасен на дуелот беше Кејт Лангфорд од Уникс со 28 поени.

И на вториот дуел одигран синоќа победи гостинската екипа. Барселона славеше на теренот на Макаби Тел Авив со 79:69.

Вечерва се играат три дуели од 5.коло:

Олимпијакос – ЦСКА Москва, 
Бамберг – Армани Милано и 
Реал Мадрид – Галатасарај.

Оваа рунда ќе биде комплетирана утре со натпреварите:

Жалгирис – Дарушафака, 
Анадолу Ефес – Панатинаикос и 
Црвена Звезда – Виторија.

Табела: ЦСКА Москва 4-0 (победи-порази), Фенербахче 4-1, Реал Мадрид 3-1, Олимпијакос 3-1, Панатинаикос 3-1, Барселона 3-2, Дарушафака 2-2, Црвена Звезда 2-2, Виторија 2-2, Армани Милано 2-2, Макаби 2-3, Бамберг 1-3, Анадолу Ефес 1-3, Жалгирис 1-3, Уникс Казан 1-4, Галатасарај 0-4.