Живот
10. јуни 2016 - 13:53

Прв пат позирала во бикини: Го воодушеви светот поради долниот дел од фотографијата

Некои девојки едвај чекаат лето за гордо да се прошетаат во костум за капење, а меѓу нив е и Лесли Милер (21) која со години го чекала тој момент. Немала храброст поради випокот на килограми да се појави во такво издание. Се до неодамна. 

Лесли ги победила вишокот на килограмите и конечно облекла костим за капење, па се фотографирала и позирала како модел, и сликата ја објавила на Интернет. 

- 18 години од животот ги минав чекајќи, телто го покривав и го криев од погледите на луѓето. Еден ден си реков на себе дека конечно ќе дозволам да ме видат, да ги направам работите кои отсекогаш сакав да ги направам кога ќе дојдам до оној „задоволителен изглед“. Кога ќе бидам доволно слаба, доволно среќна, доволно сигурна во себе. Кога телото би ми изгледало онакво какво што треба да биде. Со соптвеното тело се борев целиот живот, цело време се срамев и бев повлечена. Кога имав три години, врсниците ме прашуваа зошто сум толку поголема од нив, зошто не носам иста одблека како нивната. Кога имав седум години, ја лажев жената од програмата за слабеење, очајнички дека сакам да одам на состаноците со средовечните жени кои се обидуваат да ги изгубат килограмите. Минав 18 години чекајќи, но повеќе нема, напишала Лесли Милер чија фотографија за еден ден добила 300.000 лајкови.. 

Девојка која од девет години била во камп за слабеење, која на свои 11 години имала операција за стеснување на желудник, која на 15 години почнала да се мрази себе си и да си нанесува болка, која на 20 години успеала за само девет месеци да се ослободи од половина килограми, воодушеви илјадници луѓе на Интернет.