Џет-Сет
28. August 2017 - 14:13

Прв пат по разводот Аца Лукас и Соња заедно славеа роденден - пејачот удри по новинарите

По сите кавги и пишувања во медиумите, Аца Лукас и Соња, неговата поранешна сопруга, вчера славеа роденден на својата ќеркичка. 

Во една игротека тие го прославија шестиот роденден на малата Викторија, а според српските медиуми, Аца Лукас дошол нервозен со мерцедесот и нервозно поминал пред бројните медиуми.

Воедно, тој им се развикал на новинарите, а тие забележале и голема гребнатина на неговото возило.

По три часа од прославата, Соња, Лукас, Викторија и првата ќерка на Соња Софија излегле среќни како да не се разделиле воопшто.