Прв директен лет од Австралија до Европа
Од западниот австралиски град Перт денеска кон Лонсон полета авион на авиокомпанијата „Квантас“, што треба да го изведе првиот директен лет од Австралија до Европа.
Летот на авионот од типот „Боинг 787-8 Дримлајнер“ треба да трае 17 часа и 20 минити, за време на кои леталото ќе измине 14.496 километри.
„Боингот“ е специјално прилагоден за овој лет со обебзедување дополнителен слободен простор и намалување на бројот на седиштата во авионот на 236.
- „Квантас“ се подготвува за ваков лет од неговото фомирање во 1921 година, изјави на церемонијата во Перт пред полетувањето на авионот директорот на австралискиот авиопревозник Алан Џојс.
Првиот лет на „Квантас“ на релација од Австралија до Велика Бротанија бил реализиран во декември 1947 година. Авионот тогаш летал од Сиднеј до Лондон со седум попатни слетувања и летот траел вкупно четири дена.
„Квантас“ планира од 2022 година да воведе и директен лет од Сиднеј до Лондон.
Инаку, најдолгиот директен лет на редовна авиолинија во светот го изведува авикомпанијата „Ер Индија“. Станува збор за лет од Њу Делхи до Сан Франциско, чие растојание е 15.140 километри.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо