Македонија
18. September 2017 - 19:07

Прв академски час во Штип- ректорот повика на макотрпна работа

Со првиот академски час, започна студентската 2017/2018 година за околу 2000 бруцоши на штипскиот Универзитете „Гоце Делчев“.  Во својот поздравен говор, ректорот на УГД, Блажо Боев, упати порака до студентите и професорите, да работат вредно за да го подигнат квалитетот на образованието, бидејќи тоа е главен предуслов за целокупниот општествен раст.

- Студентите треба да бидат свесни дека, само со макотрпна работа и со не преспиени ноќи ќе стекнат диплома, со квалитетно знаење кое ќе им го отвори патот во идниот живот-изјави Блажо Боев, ректор на УГД

Идните академски граѓани очекуваат студирањето да го завршат во предвидениот рок и веруваат дека за нив има иднина во земјава.

- Да завршам и да биде се како што треба.

- Не планирам да заминам надвор од државата. Си ја сакам својата држава и планирам овде да продолжам со успеси.- (анкета бруцоши)

На УГД работат 12 факултети и 3 академии, а од годинава е воведена и студиската програма по педагогија на факултетот по образовни науки, која подолго време беше во мирување.