Прсакње против комарци во општина Кочани
Општина Кочани во текот на ноќта ќе го спроведе второто прскање против комарци од земја. Со акцијата ќе биде опфатена површина од 300 хектари во градот Кочани и населените места Тркање, Мојанци, Горни и Долдни Подлог, Грдовци, Прибачево и населбата Оризари.
Во изминатиот месец во општина Кочани беа спроведени две акции за прскање против комарци. Со акцијата за прскање против комарци од земја беше опфатена површина од 450 хектари, а со авионското запрашување површина од 3.400 хекатри.
Од општина Кочани апелираат сопствениците на пчелни семејства да ги заштитат за време на третирањето на површините од комарци.
До крајот на август општината ќе спроведе уште две акции за уништување на комарците, по една од земја и едно авионско прскање. За оваа намена општина Кочани од сопствениот буџет обезбеди 1 милион и 542 илјади денари, што е за околу 200 илјади денари повеќе од минатата година.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња