Здравје
11. April 2017 - 15:53

Проверете што побрзо, додека не е касно: Шест знаци кои укажуваат дека имате згрутчување на крвта

При повреда нормално е да дојде до згрутчување на крв затоа што на тој начин се спречува губење на крв и потикнува зарастување на раната. Сепак, некои лица патат од прекумерно згрутчување на крв, што може да доведе до тромбоза.

Тоа значи дека кај тие лица се создаваат крвни грутки кои ги затнуваат крвните садови, а тоа може да биде многу опасно затоа што може да доведе до срцев или мозочен удар.

Ова се некои симптоми од оваа состојба:

- Болки во нозете може да укаже на оваа состојба. Освен тоа се јавуваат и грчеви.

- Необјаснето кашлање, кашлицакоја трае подолго време без одредена причина, може да укажува на крвно згрутчување.

- Болки во градите, отежнато дишење може да укажуваат на присуство на крвно згрутчување во пределот на белите дробови, освен тоа може да укажува и останати срцеви тегоби. Вртоглавица е уште еден од симптомите.

- Краток здив, болки при длабоко вдишување, невозможност за длабоко вдишување, исто така се показатели за оваа состојба.

- Отекување на нозете е уште еден показател, а крвното згрутчување доведува до тромбоза и спречување нормално распределување на кислород кон органите.

- Црвените ленти, линии на кожата се многу чест симптом на оваа состојба.

При воочување на некои од симптомите, веднаш да посетите лекар, и не ги занемарувајте.