Македонија
6. July 2016 - 8:27

Проверете каква е состојбата на патиштата пред да седнете во возилото

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Поради високите температури, АМСМ препорачува и патување во раните утрински и во вечерните часови, правење почести одмори и конзумирање повеќе безалкохолни пијалоци.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, додека на  граничните  премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.