Проверете каква е состојбата на патиштата
Поради минирање, сообраќајот на патниот правец Кичево-Охрид кај Пресека денеска во периодот од 13 до 15 часот ќе биде во прекин 15 до 20 минути, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.
На регионалниот пат Р-2137 пред населено место Војшанци, поради деформации на мостот за возила со вкупна маса над 5 тона, сообраќајот се уште се пренасочува преку мостот на реката Вардар.(Демир Капија – Корешница – Војшанци).
Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово - Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово, Кочани-Делчево и Ресен - Буково каде е можна почеста појава на одрони.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите