Македонија
9. January 2018 - 10:54

Провалено во канцеларијата на „Беса“ во ТЦ Мавровка

Вчера во 10.30 часот било пријавено дека насилно била отворена вратата од канцеларијата на политичката партија „Беса“ во ТЦ Мавровка.

На место на настанот излегле полициски службеници и извршиле увид.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.