Македонија
17. November 2015 - 9:00

Протокол за постапување при заштита од дискриминација

Комисијата за заштита од дискриминација денеска ќе промовира  Протокол за утврдување на постапката за постапување во случаи за заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет.

Со помош на документот, според Комисијата, ќе се олесни и забрза процесот, како и ефикасноста при решавање случаи за дискриминација по основ на сексуална ориентација и родов идентитет.

Комисијата ќе промовира и видео спот „За нација без дискриминација“ дел од проектот „Зајакнување на владеењето на правото за заедницата на ЛГБТ граѓани“. 

Целта на настанот е информирање на јавноста за резултатите од работата на Комисијата за заштита од дискриминација во годинава, која работи на подигање на свеста на јавноста за проблемот на дискриминација, како и создавање на култура за почитување на човековите права, еднаквоста, толеранцијата и зголемување  на ефикасната правна заштита, информира Комисијата.