Бизнис
12. July 2016 - 16:27

Противењето на еврообразницата е саботирање на буџетот, сметаат експертите

СДСМ го саботира буџетот и проектите кои се реализираат преку него, коментира дел од стручната јавност во однос на противењето на оваа партија за издавањето на еврообврзницата.

Во декември лани СДСМ стави вето на еврообврзница од 500 милиони евра, па задолжувањето изнесуваше 270 милиони. Деновиве, противејќи се на издавањето на ново најавената евробврзница од партијата велат дека таа треба да изнесува околу 250 милиони евра,што е приближно на износот кој претходно го блокираа.

Професорката Оливера Трајковска вели дека еврообврзницата не е непродуктивен расход и дека се работи за инсутрмент кој државните редовно го користат за финансирање на буџетот.

Оливера Трајковска, професор на економскиот факултет на универзитет Гоце Делчев

Со еврообврзницата од 650 милиони евра владата планира да се финансира две буџетски години и со неа да овозможи стабилност во исплатата на платите, пензиите, субвенциите како и реализацијата на капиталните проекти.