Loading Video...
Кошарка
21. November 2017 - 13:33

Против Словачка, засилени со Хендрикс, но најверојатно без Костовски !?

Искусниот плејмеркер Александар Костовски најверојатно нема да патуваат за Словачка на првиот меч од предквалификациите за ЕП 2021. 

Костоски на утринскиот тренинг се пожали на болка на листот од ногата, па најверојатно нема да отпатува за Словачка, која е главниотконкурент за првото место во групата 

„Тие се одлична репрезентација. Летоска одигравме еден контролен меч со нив. Сега се заилени со уште еден Американец. Можеби дуелот со Словачка ќе биде и решавачки за конечниот изглед на табелата„, изјави Костовски пред почетокот на тренингот. 

Затоа пак Давитков ќе може да смета на искусниот Американец, Ричард Хендрикс, кој ќе биде големо засилување црвено-жолтите. Крилниот-центар им се приклучи на останатите кошаркари во мини подготовките за претстојните дуели против Словачка и Швајцарија. Тој треба да го надополни отсуството на повредените Ѓорѓи Чековски и Бојан Трајковски.

Дуелот Словачка – Македонија ќе се игра во четврток