Балкан
23. November 2015 - 16:41

Против 250 лица во Турција се води судска истрага поради навреда на Ердоган

Бројот на луѓето, против кои се води истрага во Турција поради навреда на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, се зголемил на 250 лица, пишува весникот „Созџу“.

Весникот наведува дека за време на мандатите на претходните четворица претседатели само еден човек бил суден за истото кривично дело.

Меѓу 250-те обвинети за навреда на шефот на државата се наоѓаат средношколци и студенти, адвокати, новинари, членови на политички партии.

Членот 299 од турскиот Кривичен закон предвидува казна од четири години затвор за навреда на претседателот на државата.