Бизнис
24. February 2017 - 19:44

Протестот на вработените во железницата и натаму трае

Раководството на МЖ Инфраструктура на иста линија со министерствотот за транспорт и врски. И двете страни бараат работниците во МЖ Транспорт да почнат со работа за да можат да ги достават сработените налози и  да ја добијат јануарската плата.  Велат  со блокадите  растат  догововите.  За една недела колку што е застојот, Инфраструктура има штета од 700 илајди евра.

Од МЖ Транспорт пак  остануваат на ставот,  исплата на јануарска плата  за да се почне со работа. Вчера првиот човек на претпријатието Никола Костов си поднесе  оставка од функцијата.

Од Министерствотот за транспорот и врски за Сител посочија дека  се обезбедени 11 милиони евра,  пари наменети за покривање на трошоците во патниот сообраќај и одржување на инфрасткутрата. Освен овие средства Владата  пред два дена донесе и одлука да ги зголеми парите кои железница ги добива на годишно ниво и тоа за 70 милиони денари. Но за да се добијат средствата надлежните апелираа до МЖ Транспорт да почне со работа и да ги исполнат обврските кон коминтентите со кои имаат склучени договори.

За да се покријат месечните плати на тритре фирми од Македонски железници, Транспорт , Инфраструктура и Колска Велес потребни се околу 90 милиони денари.

Железничкиот сообраќај во земјава е во застој една недела.